Интегрален текст од изјава на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
„Криминалците во Република Македонија си имаат своја држава. СДСМ и Зоран Заев очајно се трудат да ги прикријат трагите од случајот „Рекет“ кои директно водат до нив. Скандалозна е одлуката за пуштање на веќе осудениот од случајот „Рекет“ – Зоран Милески Кичеец и тоа ни помалку ни повеќе, го ослободуваат пред почетокот на најдолгиот полициски час во најголемата криза со Ковид-19. Очигледно го чекале правиот момент за да го ослободат осудениот Кичеец.
Сега тој е на слобода и како и сите останати што избегаа, односно може да избега кога сака надвор од границите на нашата земја. Останува уште да се ослободат Катица Јанева од домашен притвор на слобода и Бојан Јовановски алијас Боки 13 да биде пуштен од затвор во домашен притвор и Зоран Заев да биде сигурен потоа дека си го купил мирот за некое време.
Дали Зоран Заев со ослободувањето на Зоран Милески, кој воедно е осуден на неколку годишна казна затвор за случајот „Рекет“ сака да ги прикрие трагите кои водат директно до него? Дали со ова Заев сака да не се шири повеќе истрагата и си купува мир за возврат Милески да молчи и да не ја говори вистината онаква каква што е?
Со што биле уценети Заев и Русковска за да го ослободат Зоран Милески од домашен притвор?
Што може да проговори уште повеќе Зоран Милески, имајќи предвид дека во неговиот исказ директно алудираше на тоа дека Зоран Заев го известил Бојан Јовановски, Боки 13 дека се пријавени во Влада и индиректно го нотираше Зоран Заев за соучесник?
Ова е правната држава на Зоран Заев и СДСМ и може да се види на дело. Ослободување на криминалци и ништо повеќе. За 4 години ги ослободија сите можни криминалци. Оние што се за во затвор се на слобода, а оние што се невини и се за на слобода, гнијат по затворите, само затоа што Зоран Заев и СДСМ така сакаат.
На Заев и СДСМ воопшто не им е важно дали граѓаните умираат или не од корона, ним им е важно единствено да се прикријат трагите од случајот „Рекет“ кои водат директно до врвот на СДСМ и Владата на Зоран Заев.
Правдата за случајот „Рекет“ ќе дојде и тоа ќе дојде многу брзо по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт. Сите инволвирани ќе одговараат.