Еден од најдобрите ракометни голмани, српскиот интеранционалец со шпански пасош Арпад Штербик кој четири години го бранеше голот на македонскиот, регионалниот и европскиот првак Вардар не крие дека настапот во „црвено-црното“ јато му било полн погодок.
-Не жалам што бев дел од тимот на Вардар. Во Скопје беше убаво. Поминав четири прекрасни години, стекнав многу пријатели, станав европски шампион, а и финансиски добро минав, изјави во едно неодамнешно интервју Штербик.
Искусниот голман реши да стави крај на својата богата и трофејна кариера. Од редовите на Вардар тој замина во Веспрем од каде замина во пензија. Претходно има настапувано за Југовиќ, Сјудат Реал, Барселона и Атлетико Мадрид.