Во Албанија во последното деноноќие регистрирани се 25 новозаразени лица со Ковид-19, уште едно лице почина, додека 11 се оздравени.
-Во последните 24 часа, тестирани се 252 сомнителни случаи. Од резултатите од тестот, потврдени се 25 позитивни, со што вкупната бројка на заразени сега
изнесува 634 лица. Во исто време 11 пациенти се озравени или вкупно до сега 356. За жал битката со опасниот вирус ја загуби уште еден пациент, со што бројката на починати се зголеми на 27 лица,изјави Мира Ракацоли, заменик министерка за здравство и социјална заштита.
Додаде дека во моментот има 251 активни заразени лица и како што може да се види, бројот на оздравените е поголем од актуелно заразените. Овој тренд трае повеќе од десет дена.
Според неа, ново жариште е градот Круја каде само во последното деноноќие има 18 ново заразени или вкупно 58.
Во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи” на лекување се 40 пациенти, од нив осум се на интензивна терапија од кои четворица во тешка состојба.
Во Албанија до сега извршени се вкупно 6.269 тестови. Бројот на тестираните се очекува да се зголеми откако ЕУ и донираше 20.000 тестови.