Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.573.605 лица. Од нив починале 178,562, а оздравеле 701.838 луѓе.

– Турција ќе сертифицира туристички дестинации без новиот коронавирус, соопшти Министерството за култура и туризам. Сертификати за зона без Ковид-19 ќе бидат издадени на туристички места и одморалишта. Турскиот министер за култура Мехмет Нури Ерсој изјави дека веќе почнал процесот на сертификација на зоните без новиот коронавирус.

– Лекари во Вухан, каде вирусот се појави во декември минатата година, изразија загриженост поради поголемиот број на пациенти кои се оздравеле и немаат никакви симптоми, но нивните тестови се сепак позитивни. Ова е еден од најголемите предизвици при преминување во нова фаза на олеснување на ограничувањата. Тестовите на многу пациенти остануваат позитивни од 50 до 60, дури и за 70 дена.

– Владика, викариј на српскиот патријарх Иринеј е заразен со новиот коронавирусот. Иринеј е негативен на Ковид-19. Владиката е во болница во Земун. Во неделата служел литургија во храмот Свети Сава на која имало и верници кои се причестиле тој ден.

– Романското Министерство за здравство објави дека 62-годишен лекар од јужниот округ Констанца починал вчера од последици од Ковид-19. Докторот специјалист за внатрешни болести работел во Регионалната болница Констанца до 6 април.Тој е прв починат романски лекар. Во Романија досега се регистрирани 9.710 пациенти, од кои 508 починале, а 2.406 оздравеле.

– Во САД од компликации поврзани со новиот коронвирус за неколку месеци починале 343луѓе од вкупно заразени 819.175, а оздравеле 82.973 лица.
Бебе во Шкотска, родено осум недели предвреме, со тежина од 1,5 килограми оздраве од Ковид-19.

– Во Шпанија во последните 24 часа починале 435 лица, а регистрирани се и 4.211 новозаразени. Досега во Шпанија со Ковид-19 се инфицирале 208.389 луѓе, од кои 21.717 починале, а 85.915 оздравеле.

– Во Италија не се пријавени новозаразени лица, а вкупниот бројот на заболени изнесува 183.957, од кои оздравеле 51.600 лица, а починале 24.648 луѓе.

– Бројот на заразени од Ковид-19 во Полска се искачи над 10.000 луѓе. Во изминатото деноноќие во земјата починале три лица, а регистрирани се 178 новозаболени. Вкупниот број на смртни случаи е 404, додека оздравеле 1.513 луѓе.

– Во Сингапур бројот на заразени лица со новиот коронавирус изнесува 10,141, од кои 11 починале, а 839 оздравеле.

– Во Русија во изминатите 24 часа од последици од новиот коронавирус починале 57 луѓе, со што бројот на смртни случаи се искачи на 513. Во земјата регистрирани се вкупно 57,999 пациенти, од кои 4,420 оздравеле.

Треба да знаете
Последни објави