Британските пратеници прв пат ќе им поставуваат прашања на министрите во парламентот преку видеоврска, додека земјата се наоѓа во петтата недела од епидемијата на коронавирус.
Парламентот се врати по продолжената велигденска пауза и на него ќе говори Доминик Раб, кој го заменува премиерот Борис Џонсон кој закрепнува од коронавирусот. Физички, во салата на парламентот ќе има најмногу 50 пратеници, а другите 120 ќе можат да се вклучат преку видеоконференција.
„Се надеваме дека сè ќе функционира добро“, рече портпаролката Линдзи Хојл, посочувајќи дека парламентот работел 700 години на ист начин, но дека сега мора да воведе новини во својата работа заради новата ситуација.
Одговорот на владата на епидемијата ќе го даде министерот за здравство Мет Хенкок.