На Денот на планетата Земја, Фондацијата Отворено општество го објави фондот за киматски промени и Ковид-19

Фондацијата Отворено општество соопшти денеска дека ќе обезбеди над 16 милиони долари за поддршка на итни климатски кризни приоритети поврзани во пандемијата од Ковид-19, со фокус за унапредување на „зелените” економски стимулативни планови и стопирање на авторитарните напори за враќање на прогресот на животната средина.

Пакетот е дел од инвестицијата од над 130 милиони долари, што беше најавена минатата недела, наменет за спречување на ширењето на коронавирусот во светот.

Научниците веќе долго време предупредуваат дека климатските промени се „мултипликатор на закани”, што значи дека ќе ги откријат и влошат постоечките нееднаквости и неправди.

Пандемијата со Ковид-19 ги влоши климатските промени, откривајќи дека е неопходен итен научен потфат, со цел да се спречи катастрофално влијание врз здравјето на луѓето, животната средина и глобалната економија.

Александер Сорос, заменик-претседателот на Фондацијата Отворено општество, нагласи дека од почетокот Фондациите се справуваат со најголемите закани на отвореното општество.

– Климатската криза претставува егзистенцијален ризик за сите заедници кои ние ги поддржуваме. Оваа финансиска поддршка е дел од нашата постојана обврска да се залагаме за човековите права, социјалната правда и еднаквоста, истакна Сорос.

Патрик Гаспард, претседателот на Фондацијата Отворено општество, констатираше дека пандемијата со Ковид-19 ги направи реални опасностите од игнорирањето на науката.

– Нашиот свет со соочува со два итни случаи однеднаш – климатската криза и глобалната пандемија и тие ги продлабочуваат расните, родовите и економските неправди, потенцираше Гаспард.

Треба да знаете
Последни објави