Лекарите во Вухан загрижени поради што оздравените лица дури 70 дена се позитивни на Ковид-19

Лекарите во Вухан, каде вирусот на Ковид-19 се појави во декември минатата година, изразија загриженост поради поголемиот број на пациенти кои се оздравеле и немаат никакви симптоми, но нивните тестови се сепак позитивни.

Лекарите тврдат дека тестовите на многу пациенти остануваат позитивни од 50 до 60, дури и до 70 дена. Тоа е еден од најголемите предизвици при преминување во нова фаза за олеснување на ограничувањата.

Според кинеските високи здравствени претставници досега нема потврда дека повторно позитивните пациентите заразиле други луѓе.

Кина не објави официјални податоци за тоа колку пациенти спаѓаат во оваа категорија.

Во Јужна Кореја регистрирани се околу илјада луѓе кои биле позитивни на вирусот повеќе од четири недели. Додека во Италија, експертите забележале дека заразените со Ковид-19 се позитивни околу еден месец.

Треба да знаете
Последни објави