СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(27) од Р.Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”.
На 03.03.2020 оштетената А.Е. пријавила дека од ноември 2019, па сѐ до денот на пријавување, пријавениот, со кого поради бракоразводна постапка не живеела заедно, во повеќе наврати преку телефон ѝ упатувал закани на неа и на нејзини роднини.