– Едномесечното бебе од Тајланд, кое беше најмладиот пациент со коронавирус, успешно е излекувано од болеста благодарение на тим лекари и употреба на коктел од антивирусни лекови.
После консултации со лекари и други медицински експерти, тимот одлучи да користи четири антивирусни лекови за лекување на бебето.
– Стратегијата што се користеше за лекување на ова дете беше терапија со лекови 10 дена, изјави денеска Визал Муласарт, педијатар кој го лекуваше бебето во Институтот за инфективни болести Бамсарнарадура во Бангкок.
– Секојдневно го прегледувавме бебето и три до пет дена после тоа рендгенските снимки покажаа знаци на постепено закрепнување, додаде лекарот.
И покрај предизвиците во лекувањето на деца под една година, поради неможноста да се применат одредени лекови, Визал рече дека симптомите кај малите деца обично се помалку тешки отколку кај возрасните.