– Падот на светската побарувачка на нафта во екот на епидемијата на коронавирусот изнесува 20 до 30 милиони барели дневно, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак.
– Сведоци сме на ситуација без преседан, поради која две третини од светското население е во режим на самоизолација и владите на сите држави воведуваат досега невидени мерки за борба против ширењето на Ковид-19, поради што дојде до намалување на побарувачката, рече Новак.
Тој додаде дека светот моментално е во најактивната фаза на пад на побарувачката на нафта.