Поранешниот извршен директор на Јувентус, Лучијано Моџи зборуваше за можните трансфери во тимот од Торино.
– Милик? Не знам како ќе заврши ова. Сепак, кога ќе слушнам за Мауро Икарди, сакам да ја исфрлам оваа опција. Ако Гонзало Игуаин сега често седи на клупата затоа што играат Дибала и Роналдо, замислете што ќе се случи со Икарди. Во овој систем, тој никогаш нема да игра, па дури ниту ќе ја види топката. За првиот тим секогаш ќе бидат фаворити Дибала и Роналдо. Во шеснаесетникот Икарди е многу опасен, но екипата мора да работи за него. Одењето во Наполи би било посоодветно за него, смета Моџи.
Икарди оваа сезона е дел од ПСЖ каде игра на позјмица од Интер.