(Видео) Специјалци го чуваат магацинот со 1,2 тони марихуана во Бутел

Специјалци и повеќе полициски екипи вршат увид во магацинот во Бутел, каде вечерва е запленета 1,2 тона марихуана, дознава 24 Инфо.

Како што предмалку информираше директорот на Бирото за јавна безбедност, Саше Тасевски во магацин во населба Бутел се пронајдени и одземени 12 палети во кои има еден тон и двеста и четириесет килограми наркотична дрога марихуана.

Дрогата е спакувана во полиетиленски вакумирани пакувања и црни полиетиленски вреќи.

 

Лишено е од слобода едно лице против кого ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 став 1 од Кривичниот законик до ОЈО Кавадарци. Истрагата е во тек со цел утврдување и откривање на други лица инволвирани во случајот на недозволена трговија со марихуана.

Треба да знаете
Последни објави