Иран синоќа соопшти дека го лансира првиот воен сателит „Нур”, што ќе кружи на 425 километри над Земјата.
Пентагон не се изјасни дали сателитот е во орбита и дали е оперативен. Но, американскиот државен секретар Мајк Помпео го осуди лансирањето на иранскиот сателит, истакнувајќи оти не е во согласност со резолуцијата на Обединети нации, со која Техеран се обврзува дека ќе ја стопира работата на балистичките проектили. Ракетата „Казед” наменета за транспорт на сателитот во орбитата користела течно погонско гориво, а иста технологија што може да се употреби и за производство на ракета со голем дострел, што може да носи нуклеарни боеви глави.
Иран е повторно способен да ги загрози соседите и американските сојузници, но САД никогаш нема да му дозволи на Техеран да ја загрози Америка, изјави генералот на американската авијација Џон Хајет. Иран досега имаше повеќе обиди за лансирање на сателит.