Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се нови 29 случаи со Ковид-19. Од нив 20 се во Тирана, од кои пак 13 се затвореници од затворот „313″, соопшти Министерството за здравство и социјална заштита.
Пред два дена во споменатиот затвор,кој се смета за еден од најбезбедните, бил потврден првиот случај на заболен од новиот коронавирус. Затвореникот бил италијански државјанин
осуден за недозволена трговија со дрога.
– Во последните 24 часа тестирани се 240 сомнителни случаи, при што позитивен резултат има кај 29 од нив,меѓу кои 13 затвореници од затворот „313″ и еден здравствен
работник. Во истиот временски период 29 пациенти се оздравени со што вкупната бројка се зголеми на 385 лица, се наведува во соопштението.
До сега земјата направени се 6.509 тестови при што позитивни се 663 лица. Битката со вирусот ја загубиле 27 лица.
– Ве информираме дека во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи” на лекување се 34 пациенти или шест пациенти помлаку споредено со вчера. Од нив осум се на интензивна терапија од кои четворица во тешка состојба,наведува Министертвото за здравство и
социјална заштита.
Во соопштението се потенцира дека дека независно од дијагностицираните нови пациенти состојбата е под контрола за што „ вистински показател е бројот на хоспитализирани,
што и понатаму е стабилен”.