Кумановската компанија „Квалитет пром“, која вработува 750 лица, нема да отпушти ниту еден вработен, ќе ги продолжи договорите за вработување на сите и заедно со своите вработени ќе ја преброди економската криза што ја наметна коронавирусот, соопшти раководството на компанијата. На овој начин најголемиот работодавач во Куманово покажува општествена одговорност и во овие тешки времиња за сите, и се грижи за своите вработени. Според нив, работниците се нивниот најголем капитал.
„Негуваме позитивна корпоративна култура и отпуштањете на вработените е краткорочна стратегија, која не носи ништо добро на пазарот на трудот и капиталот. Вработените во нашата компанија се најголемиот капитал и за нашиот брендинг се пред, за време и по завршување на кризата наше богатство“, соопштуваат од компанијата.
Од „Квалитет пром“ информираат дека во целост ги почитуваат препораките и мерките на Владата, а дополнително и имплементирале План и мерки за безбедност и здравје при работа во услови на опасност од ширење и зараза на коронавирусот, со единствена цел да го зачуваат здравјето и благосостојбата на нивните вработени.
„ Сево ова во својата севкупност го сметаме како влог во иднината и со заедничка општествена посветеност ќе успееме да ги надминеме сите предизвици. Имаме успешна формула за менаџирање со луѓето и продолжуваме, подобруваме, ги прошируваме капацитетите на нашите човечки ресурси и ја зајакнуваме уште посилно во ова здравствено економска криза меѓусебната лојалност на компанијата и вработените„, велат од компанијата.
Компанијата се занимава со продажба на железо и градежни материјали, а од 01.11.2017 година е основана подружница Квалитет Пром Производство, за производство на електрични модули за автомобилска индустрија, проект на кој се гордееме и претставува голем чекор за намалување на невработеноста и отварање на нови работни места.