Претставници од министерствата за финансии и од централните банки на Кина, Индија, Русија, Пакистан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан ќе присуствуваат на конференцијата на Шангајската организација за соработка во Москва, пренесува „Бизнис-рикордер“.
Осумте земји членки на Шангајската организација за соработка (СЦО), вклучително и Кина, Русија и Пакистан, донесоа основна одлука да ги спроведуваат билатералната трговија и инвестициите и да издаваат обврзници во локална и национална валута наместо во американски долари.
Во однос на деталите, водичот ќе биде финализиран и потпишан на состанокот на министрите за финансии на СЦО во Москва на 18 март.
Русија, како претседател на СЦО, побара предлози од сите земји членки за трговија и инвестиции во локалните валути. По деталниот преглед на овие предлози на состанокот во Москва, ќе се воведе систем за меѓусебно порамнување на националните валути за земјите членки на СЦО.
Сите земји членки ќе го потпишат водичот за трговија и инвестиции во национални валути меѓу земјите членки. Русија веќе ја објави агендата за состанокот на министрите за финансии на СЦО.
Во извештаите се вели дека ако трговијата и инвестициите меѓу земјите членки на СЦО почнат во национални валути наместо во долари и фунти, тоа ќе биде голем напредок. Исто така, ќе ги зајакне националните валути на земјите членки и ќе ги промовира меѓусебната трговија и инвестиции.