Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, тврди дека е негативен на коронавирус откако повторно се тестирал на негово барање. Тој вечерва на Фејсбрук напиша дека вчера заедно со сопругата, почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направиле тестирање на КОВИД- 19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, а претходно во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово се тестирале и сите членови од неговото семејство и сите биле негативни.
https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/posts/1874404216023343?__xts__%5B0%5D=68.ARC4V_HxQXSfz6eXbMOk7BnDlr0UyR9CPQ78Hr0tMUHkNcAw5YA-tehkMVrVcAgAEMdnVD1xiSpv4Xlf2x53uKmtHW_RbHqoqxBOLiTQZJHmVjVjjqnwOSs6OqqF2kHJnpNaauPoD2v_7zlMlwNrXB2l_-E99Q0S0UuQop0ti3bY-RWcq8tBo-sPR3G3iw6PamPak5tN-q_zSlHHveCwWHS9LNaSC2Bfb4Szv01mMBSrymz3DaSokXg2h_MBJvcx-6MGrjAMTmP8B9mq9K08fJeTY3fVZ3XJzu_3o4pBVdQ9jWyrwMleHGKE4PCgXi3QUNqH7YexgAobi8O0WNGj_Q&__tn__=-R
-Денеска од епидемиолошката служба при ЦЈЗ Куманово побарав да ги разгледа резултатите од тестирањата, по потреба да го повтори тестирањето и под итно да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за мене и членовите на моето семејство и сите мои контакти посочени во епидемиолошка анкета.
Се надевам дека моето барање ќе биде итно разгледано и реализирано во рамки на процедурите, бидејќи покрај негативните тестови здравствената состојба на мене и семејството е добра и не постојат никакви симптоми ниту показатели на инфекција од КОВИД 19 со цел да се вратам на секојдневните работни обврски и заедно со мојот тим во Општинскиот штаб за заштита и спасување да продолжам со борбата против епидемијата во нашиот град и државата. Ги отфрлам сите обвинувања околу наводната мојата позитивност, анатемата мора да се тргне“, напиша Димитриевски.