Иран им се закани на „терористичките“ американски сили

Иран се закани дека ќе ги уништи „терористичките“ американски сили кои ја загрозуваат безбедноста во водите на Заливот, пренесува лондонски „Експрес“.

„Секој американски брод, воен или цивилен, што претставува закана за Иран, ќе биде уништен“, рече командантот на Иранската револуционерна гарда, генерал Хосеин Салами, посочувајќи дека безбедноста во Персискиот Залив е најголем стратешки приоритет на Иран.

Изјавата на Салами следува по низата закани на американскиот претседател Доналд Трамп кон Техеран.

„Им наредив на нашите поморски сили да го уништат секој американски терористички брод во Персискиот Залив, ако тоа претставува закана за безбедноста на нашите воени и цивилни бродови. Јас ги предупредувам Американците дека сме решени и сериозни во одбраната на националната безбедност, нашите поморски граници, безбедноста на водните патишта и нашите безбедносни сили и дека решително ќе одговориме на каква било саботажа“, рече генералот Салами.

Треба да знаете
Последни објави