Јужна Африка најави олабавување на строгите мерки

Претседателот на Јужна Африка, Кирил Рамафоса, објави олабавување на строгите мерки за движење почнувајќи од 1 мај, поради загриженост за економијата.

Рамафоса предупреди дека поголем дел од луѓето треба да останат дома, јавните собири остануваат забранети и границите ќе бидат затворени.

На 1 мај на некои бизниси ќе им биде дозволено да работат и секој трет вработен ќе може да се врати на работа. Рамафоса рече дека земјата ќе има повторно стартување во пет фази, со тоа што петтото ниво е најограничено или слично на националното заклучување, а нивото 1 е најопуштено.

Од 1 мај земјата ќе биде на ниво 4, со што ќе се забрани меѓупровинцијалното патување, но продажбата на дополнителни артикли, вклучувајќи ги цигарите, ќе биде дозволена, ќе се отворат одредени индустрии, а ќе се овозможи и вежбање под строги услови.

Некои училишта исто така ќе бидат отворени, но со строги ограничувања според бројот на деца во одделенијата.

Јужна Африка има едни од најстрогите мерки во светот, воведени поради коронавирусот, но безбедносните сили имале проблеми за да ги спроведат на терен.

Претседателот Рамафоса изјави дека досегашните мерки, воведени пред еден месец, дале плод и го намалиле процесот на пандемијата. Но, луѓето треба да јадат и да заработат за живот, додаде тој.

Досега само на здравствените работници, дел од банките, новинарите и работниците во малопродажба, им беше дозволено да работат.

Треба да знаете
Последни објави