Еурофарм Пелистер се засили за новата сезона со Танковски

Раководството на ракометниот суперлигаш Еурофарм Пелистер во очекување на официјалната потврда дека прекинатото првенство се прогласува за завршено, почна да создава тим за новата сезона. Битолчани го ангажираа е макеоднскиот репрезентативецот Марио Танковски со кого потпиша тригодишен договор.

Стружанецот се сели во Битола од редовите на скопски Металург. Станува збор за 21 годишен ракометар, кој во дресот на Металург дебитира уште во 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави