„Трамп Организација” бара државна помош во Велика Британија и Ирска

Компанијата „Трамп Организација” која држи голф кампови во Европа, побарала државна помош од владите на Велика Британија и Ирска за да ја надмине кризата што ја предизвика пандемијата на коронавирусот, тврди Ју-Ес-Еј Тудеј.

Компанијата, која моментално ја водат синовите на американскиот претседател, Ерик и Доналд Трамп Јуниор, бара државна помош за покривање на платите на вработените во нивните голф одморалишта во Донбег во Ирска, и во шкотските области Ејршајр и Абердиншајр, тврди весникот, а пренесува американската ТВ мрежа Си-Ен-Би-Си.

Сите хотели моментално се затворени во согласност со мерките за забрана на движење кои се спроведуваат во тие држави.

Во информацијата се додава дека Ерик Трамп потврдил за Ју-Ес-Еј Тудеј дека „Трамп Организација” бара финансиска помош од локалните власти.

– Како и милиони компании низ светот, и нас владините мерки не примораа привремено да ги затвориме угостителските и хотелските објекти, и правиме се што можеме да го задржиме и да му помогнеме на нашиот многу скапоцен персонал, рекол Ерик Трамп.

Портпаролите на „Трамп Организација” и „Трамп Интернешнел” не биле достапни за коментар.

Треба да знаете
Последни објави