Во Црна Гора во последните 24 часа нема нов случај на коронавирус

Црна Гора во последните 24 часа не регистрира ниту еден нов случај на коронавирус.

Во Црна Гора досега се потврдени 312 случаи, излекувани се 123 пациенти, а во петокот почина шестиот пациент од Ковид-19, маж на возраст од 80 години со други болести.

Хоспитализирани се 21 пациент, од кои двајца се приклучени на распиратор.

Челникот на кризниот штаб, Ранко Лавоиќ, ги предупреди грѓаните дека не треба да се опуштат откако владата во вторникот ги ублажи мерките – движење е дозволено до 23 часот, а работното време на продавниците е продолжено до 22 часот.

Епидемиологот Сенад Бегиќ предупреди дека меѓу популацијата голем дел се асимптоматски носители на вирусот и дека сите граѓани мора да имаат став дека секој е потенцијално заразен.

Треба да знаете
Последни објави