Севернoкорејскиот лидер Ким Џонг Ун, се шпекулира дека е мртов, според медиумите во Хонг Конг, додека едно јапонско списание известува дека водачот на Северна Кореја е во „вегетативна состојба“, откако бил подложен на операција на срцето.
Заменик директорот HKSTV Hong Kong Satellite Television, телевизиска мрежа поддржана од Пекинг во Хонг Конг, тврди дека Ким е мртов, наведувајќи „многу цврст извор“. Нивниот пост на кинеската апликација за пораки „Веибо“ е широко споделена на социјалните медиуми, се вели во извештајот во „Интернационален бизнис тајмс“.
„Њујорк пост“ пренесува наводи на кинески медиуми за смртта на лидерот на Северна Корја, но информациите се непотврдени. Наводите за смрт на Ким ги пренесуваат само таблоидните портали какo „Сан“ и „ТМЗ“.
#BREAKING: North Korea's Supreme Leader/dictator Kim Jong-un has reportedly died, or is on his death bed with no hope for recuperation — according to media outlets in China and Japan. (Per TMZ) 1/2
— Jenn Franco KESQ (@jennfranconews) April 25, 2020