ВМРО-ДПМНЕ: Во ек на пандемија СДСМ се луксузира и мести тендери на свои блиски

Забеганоста на власта предводена од СДСМ нема крај.

Во ек на пандемија и економска криза Владата на СДСМ се луксузира.

Додека граѓаните немаат леб за јадење, власта се дрзнува да набавува  3 тони кафе како и пола тон апетисани.

Додека граѓаните умираат од вирусот Ковид-19 и ги губат своите работни места, Владата на СДСМ го „цеди“ буџетот на граѓаните.

Во ек на пандемија СДСМ си мести тендери на свои блиски. Фирмата „Алпима градба тим“ ДООЕЛ Струмица, како единствен понудувач во 4 очи доби тендер од ЈП Дрисла и Шилегов во висина од над 12 милиони денари или над 200.000 евра.

А, како резултат од работата на владејачката партија се над 100 илјади граѓани кои се соочуваат со отказ, граѓани оставени без приходи и претпријатија пред колапс.

А, угостителите веќе втор месец се без работа. Овој сектор се соочува со колапс и токму поради тоа директно побара помош од Владата. Наместо помош, Владата на СДСМ ги обвини угостителите дека лажат.

Транспортерите се закануваат со протести поради зголемувањето на давачките кон државата, односно поради зголемувањето на акцизата.

Економијата за која Заев и Ангеловска тврдеа дека блеска колабираше по само два месеци криза.

За сето ова што се случува граѓаните ќе го казнат СДСМ. Крајот на СДСМ се ближи.

 

Треба да знаете
Последни објави