Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести утре до Владата ќе поднесат предлог санкционирањето за неносење заштитна опрема – маска или прекривка на устата и носот во насока на заштита од ширењето на коронавирусот да почне веднаш истиот ден или надоцна во вторник, бидејќи е констатирано дека голем дел од граѓаните или не користат заштитна опрема или неправилно ја користат.
-Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести достават предлог до Владата санкционирањето за неносење заштитна опрема да почне веднаш, односно утре или најдоцна во вторник. Сакам повторно да алпелирам дека оваа мерка мора да се почитува и дека заштитната опрема се носи така како што е пропишано – на затворено и на отворено кога не може да се држи физичка дистанца од 2 метри, рече на денешната онлајн прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Тој вели дека на ваков чекор ги натерале се почестите слики во медиумите и на социјалните мрежи со граѓани кои не ја почитуваат мерката за носење заштитна опрема во услови каде е пропишано, но и граѓани кои ја носат маската или прекривката на лицето под брадата или во рака.
-Има и граѓани кои ја почитуваат оваа мерка свесни дека ова е еден од клучните механизми за борба против вирусот. Досега сите мерки дадоа резултати. Уверен сум дека и ако доследно ја почитуваме оваа мерка, како и сите претходно за кои има оправданост, ќе се заштитиме и себе си и нашите семејства и сограѓаните, ќе превенираме раст на број на заболени кој еве веќе два месеци е еден процес што одлично го држиме под контрола, рече Филипче.