Инспекцискиот наод во однос состанокот на кризниот штаб во Куманово со владините министри утврдил два прекршоци, рече директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Бухова.
-На 26 март се тестирни 28 лица од Кризниот штаб за кои се добиени исто толко негативни резултати, а на 12 април пак се земени 38 бриса од кои пет позитивни рзултат и издадени решенија за 37 контакти. Двете тестирања се без спроведување на редовна епидемиолошка анкета од епидемиолог и се заведени како скрининг. Вториот прекршок е дека брисови биле земани во Општината, а не во локалниот Центар за јавно здравје, рече Бухова.