Филипче: Се уште не е одлучено каков карантин ќе има за 1 Мај

Надлежните се уште немаат донесено одлука дали претстојниот викенд на кој му пртходи и празникот 1 Мај ќе има тридневно ограничување на движењето на граѓаните, и оти таа ќе биде донесена врз основа на анализа на однесувањето на граѓаните, дали се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот за задолжителна заштитна опрема и одржување дистанца.

Во изминатите денови, нагласи министерот за здравство Венко Филипче, видовме дека има број граѓани кои навистина ги почитуваат мерките, а видовме и дека има голем број граѓани кои овие мерки не ги почитуваат.

-Мерката на разлабавување на полицискиот час – повеќе часови слободни на движење ние ја носиме заедно во пакет со задолжителното носење на маски и само така ќе има ефект и само така ќе има резултат. Ќе анализираме овие денови. Ние веќе утре ќе побараме од Владата казнување да почне порано уште на почеток на неделава, не од 1-ви мај како што иницијално наведовме. Зашто? Заради тоа што навистина се плашиме дека може да има несакан ефект сето тоа ако не се почитуваат мерките во таа насока. Ќе анализираме какво ќе биде однесувањето на граѓаните деновиве, дали се почитуваат тие мерки за задолжителна дистанца, носење на маските кога не може да се одржи и врз основа на тоа ќе донесеме одлука како ќе биде организиран следниот викенд, рече на денешната онлајн прес-конференција министерот Филипче. 

Треба да знаете
Последни објави