ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка после нападот на полицаецот не е достоен да ја врши функцијата – да си поднесе оставка

Власта се обидуваше да го сокрие скандалот со градоначалникот на Крива Паланка кој нападнал полицаец. Но ваков скандал не може да се сокрие. Насилството се случило на на 14-ти јануари, а МВР дури вчера после 4 дена извести дека спровеле информативен разговор со градоначалникот Митовски.

Овој случај е далеку од расветлен и нека не помислува МВР на Спасовски ова да го заташка. Ова не може да помине со ослободување или условна казна, бидејќи Митовски беше избран да работи за градот, а не да ги тепа граѓаните.

Да потсетиме дека на 14-ти јануари градоначалникот Митовски во алкохолизирана состојба нападнал полицаец без никаков повод и пред неколку лица му удрил шлаканици. После овој инцидент, според тврдењето на жртвата биле упатувани закани до полицаецот и до неговото семејство да ја повлече пријавата.

Митовски треба да си поднесе оставка, тој веќе не е достоен за функцијата која ја врши. СДС и институциите под нивна контрола колку и да се обидуваат да го заштитат, нема да можат, затоа што народот се охрабри и веќе не им се плаши. Одговорност ќе има.

Треба да знаете
Последни објави