Челниците на Њујорк и Чикаго се заинтересирани да се стекнат со кошаркарот на Оклахома, Крис Пол.
Американските медиуми објавија дека Оклахома е подготвена да го размени Пол. Оваа НБА сезона 34-годишниот играч настапи на 63 натпревари и имаше просек по натпревар 17,7 поени, 6,8 асистенции и 4,9 скока.
Пол има важечки договор уште две години за што треба да добие 85 милиони долари.