Тејлор Свифт: Објавување на мои стари песни е бесрамна алчност

Тејлор Свифт го изрази своето негодување кон нејзината поранешна дискографска куќа, жалејќи се дека објавувањето на компилација песни од 2008 година за радио емисија е „без вкус“, пренесува „Ројтерс“.

„Сакам да им се заблагодарам на моите фанови што ме известија дека мојата поранешна дискографска куќа вечерва пушта „ албум “ на мои настапи во живо. … Ова не е одобрено од мене,“ им напиша Свифт на своите 132 милиони следачи на Инстаграм.

Албумот „Live From Clear Channel Stripped 2008“ е збирка песни направени за една радио емисија кога имав 18 години, додаде Свифт.

Објавувањето на песните од страна на дискографската куќа Big Machine Label Group таа го оквалификува како „уште еден случај на бесрамна алчност во време на пандемија на коронавирус. Толку без вкус, но многу транспарентно“.

Big Machine одби да коментира.

Свифт повеќе од една година јавно се расправа со челниците на музичката компанија поради објава на нејзини стари песни. Таа ја прекина соработката сo Big Machine во 2018 година и од тогаш неа ја преставува медиумскиот гигант Universal Music Group.

Треба да знаете
Последни објави