Актерката Џенифер Анистон (51), наводно, се смирила со нејзиниот татко Џон (86) и го обновила контактот по многу години.
Нивното помирување и обновената семејна врска се должи на пандемијата на коронавирус, пишува „Дејли Мејл“.
Откако Џон бил хоспитализиран поради здравствени проблеми со стомакот, следуваше пандемијата на коронавирусот, а Џенифер тогаш се загрижила за својот татко.
„Како да сфати дека животот е краток и нејзината врска со татко и мораше да биде добра, затоа што никогаш не се знае што ќе ги раздели засекогаш“, изјавил близок пријател на актерката за „Дејли мејл“.
Двајцата сега редовно се слушаат по телефон, а Џенифер исто така редовно се распрашува за неговото здравје.
Џенифер не била во добри односи со својот татко уште од нејзината деветта година, кога Џон ја напуштил мајката на Џенифер и неа, што таа не можела да му го прости.
Нејзиниот татко е исто така актер, а својот талент Џен го наследила токму од него. За разлика од неговата ќерка која е светски позната актерка, тој имал само кратки епизодни улоги во серии и е познат само за американската публика.