Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер претежно од јужен правец. Во попладневните часови ќе има појава на локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во наредните денови времето претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има зголемена облачност со локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на локално невреме.

Треба да знаете
Последни објави