Уставниот суд расправа за кратењето на платите на судиите и обвинителите

Уставниот суд денеска расправа за неколку Уредби донесени од Владата во текот на вонредната состојбата, а меѓу нив е и Уредбата за висината на платата на избраните, именувани и назначени лица, со која покрај функционерите во извршната, на минимална плата се ставени и судиите и јавните обвинители, објави „360степни“.

Здруженијата на судиите и на јавните обвинители изминатиот период реагираа дека кратењето на нивните плати од страна на Владата е спорно од правен аспект, како и дека не треба судиите и јавните обвинители да бидат ставени на минималец од 14 500 денари.

Тие испратија и писма до Владата, а иницијативата за оспорување на Уредбата пред Уставен ја најавија од Здружението на судии.

Треба да знаете
Последни објави