Италија го добива најголемиот буџет од завршувањето на Втората светска војна

Буџетот поставен од италијанската влада за да и се овозможи на земјата да се справи со кризата предизвикана од коронавирусот е најголем од завршувањето на Втората светска војна, изјави денеска министерот за економија Роберто Гвалтиери.

„Тоа е импозантен, проширен буџет во износ што не е виден од крајот на Втората светска војна“, рече тој.

Тој додаде дека ваквото отстапување од вообичаеното апсолутно не ја загрозува одржливоста на јавните финансии и дека е неопходно за да се зајакне производниот систем и да се обезбеди неговата одржливост, пренесува новинската агенција Анса.

Гвалтиери рече дека со таквиот буџетот е избегнато високо зголемување на данокот на додадена вредност и на владата и е даден поголем маневарски простор, но додаде дека заради зголемената неизвесност, планот на национална реформа мора да биде одложен на најмалку еден месец.

Треба да знаете
Последни објави