ЈП Водовод и Канализација извести дека утре, 29 април, заради дефект на водоводна цевка на булевар Кочо Рацин во населба Центар, без вода ќе останат корисниците на потегот од Веро-Џамбо до ул. „Ленинградска“, Амбулантата на МВР и Полицијата.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09 часот до санирање на дефектот.