Во Берлин задолжително носење заштитна маска при влегување во продавници

Носењето заштитна маска за да се спречи зараза со новиот коронавирус ќе биде задолжително од утре во сите продавници во Берлин, изјави Андреас Гисел, заменик советник за внатрешни работи во германскиот главен град.

Носењето маска сега е задолжително во јавниот превоз во градот, јави ДПА.

Другите германски провинции исто така наредија носење заштитна маска во превозни средства и во продавници.

Треба да знаете
Последни објави