Петровска: Истрагата за снимката со Мицкоски во теретана не е завршена

Истрагата за објавената снимка, на која се гледа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и полициски службеници во теретана се уште не е завршена, објави денеска дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

-Во врска со објавената снимка од Мицковски и полициски службеници во теретана, во интерес на вистината информирам дека МВР сеуште не утврди од кога потекнува снимката и затоа никој, па ни Чулев не може да тврди дека истрагата е завршена, напиша Петровска на Фејсбук.

Таа додаде дека случајот со Мицковски и теретаната нема да се затвори „затоа што некој има наредба по секоја цена да ги заштити Мицковски и Бисовски”.

-Бидејќи МВР сеуште нема утврдено на кој датум е направена снимката, истрагата за потенцијално неодговорното и несовесно однесување на лица кои во време на пандемија ги кршат мерките сеуште не е завршена. Кривично дело е и прикривање на кривично дело. Обидите МВР да се претвори во МВРО-ВМРО ќе бидат неуспешни. Одговорност мора да има за секој кој неодговорно се однесува, без оглед на неговата позиција во општеството, напиша Петровска на Фејсбук.

 

Треба да знаете
Последни објави