Луксембуршките власти со намера да биде тестирано за Ковид-19 целото население во државата

Луксембург почнува тестови за коронавирус со кои сака да го опфати целото население, мерка што ќе оди заедно со рестриктивните ограничувања, рече денеска министерот за истражување, Клод Меиш. Тестовите ќе бидат доброволни и ќе можат да се тестираат и оние што живеат преку границата во Германија, Франција и Белгија кои доаѓаат да работат во Луксембург.

Околу 8.500 ученици и наставници ќе бидат тестирани пред да се отворат училиштата на 4 мај. – Може да се прават најмалку 20.000 тестови секој ден, рече министерот.

– Наша цел е да го тестираме целото население, некои и повеќепати, истакна Меиш, додавајќи дека може да се направи во релативно краток период, благодарение на фактот дека земјата е мала. Во Луксембург има 3.792 регистрирани случаи на заразени и 88 починати.

Треба да знаете
Последни објави