Петров до Арсовски: Дете, имаш уште многу леб за јадење и докажување пред да можеш моето име да го споменеш

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров бурно реатираше на изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

,,За разлика од Арсовски, јас прв пат во животот работам на страна од приватен сектор и тоа пробоно, ти земаш плата од парите од кои не сакавте да се откажете партиски да им помогнете на бизнисите.Ова го правам затоа што сакам да и помогнам на државата во која решив да создавам сам за доброто на мојата ќерка и сега преку мојот политички ангажман за доброто на сите граѓани. Е да еден од тие успеси е и да направиш производ кој го гледаат скоро пола милијарди луѓе. Производ кој ги промовира македонските вредности, а стручно жири од цел континент вели дека е најдобро. Така што дете имаш уште многу леб за јадење и докажување пред да можеш моето име да го споменеш”- рече Петров.

Арсовски,на новинарско прашање, да го прокоментира пресот на Петров, изјави дека „ова не е шоу бизнис на каков што сте навикнати и од каде доаѓате, не е ниту евровизија туку реален живот во кој што жиеват граѓаните на Република Македонија“.

 

Треба да знаете
Последни објави