Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 3.105.559 лица. Од нив починале 214.429, а оздравеле 944.136 луѓе.

Франција – Во изминатите 24 чaса од компликации поврзани со коронавирусот починале 367 луѓе, Со тоа вкупниот број на починати е 23.600

Авиокомпанијата Бритиш ервејз поради пандемијата планира трајно да отпушти до 12.000 вработени. Во првите три месеци од годинава регистриран е пад на приходите за 13 отсто.

Словенија – Почна анализа на примероци од крв земени во рамки на национално тестирање со цел да се утврди колку луѓе во државата навистина се заразени со Ковид-19, или оздравеле, а порелиминарните резултати наскоро ќе се знаат.

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави план од четири етапи за враќање во нормалниот живот во земјата до крајот на јуни. Укинувањето на строгите мерки против ширење на коронавирусот ќе почне на 4 мај и ќе варира по области според фактори како што се стапката на појава на нови случаи, бројот на кревети достапни за интензивна нега и колку добро луѓето во регионите ги исполнуваат правилата за дистанцирање. Тој рече дека пикот на вирусот во Шпанија поминал и сега опаѓа. Според него, секоја фаза на релаксација на ограничувањата ќе трае најмалку една недела. Шпанскиот премиер изрази надеж дека ситуацијата би можела да се нормализира до крајот на јуни, но истакна дека епидемијата треба да се стави под контрола низ целата земја.

– Министерството за здравство на Египет соопшти денеска за 260 нови заразени од коронавирусот и 22 починати. Тоа е најголем дневен раст во земјата по двата индикатора. До денеска, во Египет се пријавени 5.042 случаи на инфекција со коронавирусот – 359 починале, а 1.304 се опоравиле. Поради заразата Египет ги затвори своите аеродроми и воведе ноќен полициски час.

Треба да знаете
Последни објави