Нов биланс од епидемијата со Ковид-19 во Франција, нови 367 жртви

Генералната дирекција за здравство во дневниот извештај за епидемијата со Ковид-19, соопшти дека во изминатите 24 часа се забележани нови 367 смртни случаи, со што бројот на жртвите достигна 23.660, јави дописникот на МИА.

Од 1 април во Франција официјално од коронавирусот починаа  23 660 лица, од нив 14 810 во болниците, а 8850 во социјалните и медицинско социјалните установи (старски домови).

На болничко лекување се наоѓаат 27 484 лица (571 помалку за 24 часа), а 4387 лица се на интензивна нега (221 помалку во споредба со вчера).

Според француските здравствени власти, 48 886 биле излекувани во болница од Ковид-19.

Официјално во земјата беа регистрирани 129 859 случаи на заболени од Ковид-19 (потврдени со тестовим инаку бројката е многу поголема), а за само последните 24 часа има нови 1520 случаи.

Треба да знаете
Последни објави