Героски: Времето минува, луѓето си умираат, ќе преземе некој нешто или добро е вака?

Никој, па ни Свети Филипче, не може да го скрие фактот дека имаме катастрофално висока бројка на починати. Времето минува, луѓето си умираат. Ќе преземе некој нешто или добро е вака?, прашува Бранко Героски во колумната за “Плусинфо“.

-Со вкупно 71 починат од болеста ковид-19, односно со 34 починати на 1 милион жители, Македонија е апсолутен неславен шампион во регионот Западен Балкан и во споредба со сите соседни земји. Македонија е вицешампион (зад Србија) и во поглед на бројот на вкупно заразени на популација од 1 милион жители – 682…

Има еден интересен детаљ во споредбата меѓу Македонија и Бугарија, на пример. Бугарија има 1.107 активни случаи, од кои на болнички третман се 301 (27,19 отсто). Македонија има 761 активен случај, од кои во болниците се 134 (17,61 отсто). Тоа е значително помалку. Дали тоа би можело да ја објасни многу помалата смртност од ковид-19 во Бугарија?

Читав и за Турција, во која има 34 починати на 1 милион жители, идентично како и Македонија. За една голема земја, со драстични социјални разлики и со многу ризични зони, тоа е успех. Турција има сосема поинаква стратегија од македонската. Според „Хуриет“, суштината на турскиот модел е што во таа земја, за разлика од многу други земји, лекарите не ги советуваат пациентите со висока температура и сува кашлица да останат дома и да голтаат антиперетици, туку ги повикуваат во болниците и веднаш почнуваат со терапија со хлороквин, дури и додека се чекаат резултатите од тестовите. Азитромицинот („сумамед“) исто така се дава во раната фаза на лекување. Исто така, во раната фаза се дава и лекот фавипиравир („авиган“), како и оксигенска терапија за пациентите со тешкотии во дишењето, вели Героски.

Целата колумна на Плусинфо

Треба да знаете
Последни објави