Социјалната помош ќе почне да се исплаќа од понеделник. Владата им препорача на деловните банки да обезбедат достапност на парите од априлските исплати на паричните права од социјална заштита .
Парите треба да бидат достапни на банкоматите и во трговските мрежи од 04.05.2020 година.
Министерството за труд и социјална политика до 30 април треба да ги достави податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки.