(Видео) На Венеција и се заканува социјална бомба, градоначалникот ги повикува туристите да дојдат

Градоначалникот на Венеција Луиџи Бруњаро упати очаен повик, барајќи од туристите да се вратат во градот веднаш штом ќе бидат укинати ограничувањата наметнати од пандемијата на коронавирус.

„На сите што имаат можност да патуваат во наредните месеци, им велам: Дојдете во Венеција! Ќе помогнете во светот да се испрати сигнал за закрепнување кое започнува од убавината и културата“, објави Бруњаро на својот профил на „Твитер“.

Венеција зависи од туризмот, а таа индустрија е тешко погодена уште пред пандемијата на коронавирус, бидејќи рекордното поплавување минатиот ноември принуди многу посетители да го напуштат градот, пренесува Себиз.

Бруњаро одржа прес-конференција на која ја повика централната Влада за помош, барајќи продолжување на државната помош за работниците во туристичкиот сектор.

„За жал, се соочуваме со социјална бомба која е веќе активирана“, изјави градоначалникот за весникот „Кориере дела Сера“ пред конференцијата.

Треба да знаете
Последни објави