Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 3.146.200 лица. Од нив починале 218.139, а оздравеле 961.785 луѓе.
– Премиерот на Шпанија изрази надеж дека до крајот на јуни таа држава ќе обезбеди нормална состојба бидејќи следат осум недели постепена релаксација на рестриктивниот режим воведен поради коронавирусот.
– Бројот на починати во САД од Ковид-19 е над бројот на жртви од Виетнамската војна. Во САД се регистрирани повеќе од милион заразени и речиси 60.000 починати што е за околу 2.000 повеќе отколку во Виетнамската војна.
– Во Бразил од коронавирусот починаа повеќе од 5.000 луѓе што еповеќе отколку во Кина (4.633). Во изминатите 24 часа починале 417 луѓе со што вкупниот број е 5.017.
– Кинеските научници тврдат дека никогаш нема да биде искоренет целосно коронавирусот, приклучувајќи се со тоа на поголем број експерти, кои велат дека вирусот ќе се врати сезонски, како што е грипот. Според Блумберг, кинеските научници велат дека е малку веројатно дека коронавирусот ќе го снема на начинот на кој исчезна нејзиниот „постар брат” САРС пред 17 години, бидејќи се пренесува на луѓето без да предизвика воопшто симптоми. Токму оваа група асимптоматски пациенти ја отежнува контролата на епидемијата, изјавија кинеските научници на брифингот во Пекинг. Кај САРС, заразените имаа сериозни симптоми. Откако биле ставени во карантин, болеста престана да се шири. Спротивно на тоа, се повеќе асимптоматски случаи на коронавирусот продолжуваат да се појавуваат во Кина, иако епидемијата е ставена под контрола.