На 28.04.2020 во 12.55 часот било пријавено дека во Битола на ул.„8 Септември“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шевролет калос“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М.(62) од с.Трн, битолско, и мотоцикл „пјаџо“, управуван од И.Р.(27) од Скопје.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.