Индискиот актер Ирфан Кан, кој постигна значителен успех и во Боливуд и во Холивуд почина вчера на 53 години. Тој беше примен во Одделот за интензивна нега во болница во Мумбаи со инфекција на дебелото црево.
Во март 2018 година, тој откри дека му бил дијагностициран невроендокрин тумор, но по интензивниот третман се опоравил доволно добро за да го снима Angrezi Medium, филмот што ќе се покаже како негов последен, а чија премиера беше закажана за март, но беше пролонгирана заради пандемијата на коронавирус.
На светската публика и е познат во улогата на полициски инспектор во оскаровецот Милионерот од гетото ( Slumdog Millionaire), како и во уште еден филм награден со оскари- Животот на Пи (Life of Pi), блокбастерот Светот Јура (Jurassic World) и други.