Во експлозија на бомба на 11 километри од главниот град на Авганистан, Кабул, загинаа три лица, а повредени се петнаесет, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Бомбаш-самоубиец активирал експлозив меѓу цивилите во близина на Кабул во средата наутро“, рече портпаролот на министерството, Тарик Аријан, пренесува „Ројтерс“.
Сè уште не е јасно кој е одговорен за нападот.
Во тек е верскиот празник Рамазан, свет месец за муслиманите ширум светот, а владата е насочена кон борба против пандемијата на коронавирус.
Бројот на вооружените конфликти во Авганистан е намален по потпишувањето на мировниот договор меѓу САД и Талибанците кон крајот на февруари.