Талески ќе треба да си побара нов клуб

Македонскиот ракоментен репрезентативец Филип Талески (24 г.) ќе треба да си побара нов клуб. Тој во новата сезона нема да биде член на германскиот бундеслигашот Балинген. Клубот денеска на својата интернет-страница ја објави разделбата со Талески, која ќе се случи откако ќе им заврши договорната обврска на 30 јуни.

-Би сакале да му се заблагодариме на Филип за неговата посветеност. Договорот со него истекува на 30 јуни и нема да биде продолжен, изјави директорот Волфганг Штробел.

Македонскиот ракометен интернационалец Талески одигра само една сезона во дресот на Балинген. Во оваа екипа прињстигна од Рајан Некар Левен со надеж дека ќе ја добие вистинската шанса да го покаже својот потенцијал на левата бековска позиција. Но престојот во Балинген траеше кратко, па поранешниот играч скопски Металург од чии редови во 2017 година замина на печалба ќе треба да си бара нова средина.

Треба да знаете
Последни објави