Панорамскиот лифт покрај кружните скали во ГТЦ нема да се гради

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов смета дека покрај Градскиот трговски центар (ГТЦ) кој е симболот на градот, не треба да се гради панорамски лифт. Тоа го спореди како и да му се стави барокна фасада на култниот објект од македонската модерна ахитектура.

Шилегов денеска одговарајќи на новинарско прашање зошто дозволиле во ГТЦ да се отпочне со изградбата на лифтот, за кој архитектите рекоа дека е дивоградба и го сквернави симбол за многу генерации, соопшти дека Град Скопје, нема ингеренции во ГТЦ ниту пак панорамскиот лифт бил дел од проектот за зелен покрив.

На оваа отпочната изградба изминатата недела покрај кружните скали жестоко реагираа и граѓаните по социјалните мрежи. Веднаш следуваше реакција од раководството на ГТЦ и во понеделникот изградбата на лифтот е стопирана, а истата се највува дека и ќе биде и откажана од реализација.

ГТЦ е меѓу најпрепознатливите објекти за Скопје, кој е пуштен во употреба во далечната 1973 година.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави